Биологијата во служба на дерматологијата, во служба на здравјето

Bioderma - expert focusing on skin

Нашата експертиза: биологија на кожата.

 

BIODERMA е бренд на NAOS посветен на биологијата на кожата, веќе 40 години. Нашата иновативност и дерматолошките иновации насочени кон подобрување на здравјето на кожата нè направија пионери во експертизата посветена на дерматолошката нега. 

 

Бидејќи здравата кожа треба да биде достапна за секого, создаваме производи за секој поединец, за сите возрасти и видови кожа, потпирајќи се на нашата експертиза во биологијата на кожата и на нашата специјализација во дерматологијата.

Во соработка со здравствените работници од целиот свет, нашите производи се направени за да ја зачуваат здравата кожа и да обезбедат соодветен одговор на секоја нејзина дисфункција. Чувствителна кожа, сува до атопична кожа, кожа склона кон акни... Им помагаме на сите видови кожа да се зајакнат, без оглед на нивната чувствителност или на околината.

Практични и лесни за користење, нашите производи се грижат за вашата кожа и ја поддржуваат секојдневно, за видлива, долготрајна ефикасност, со почитување на вашата кожа. 
 

BIODERMA се потпира на истражувачката и иновативна  мрежа на NAOS.

Повеќе од 80 меѓународни партнери од престижни универзитети, истражувачки центри и иновативни претприемачи, секојдневно работат заедно со нашите тимови во  Aix-en-Provence. 

Нашето знаење и експертиза за биологијата на кожата постојано расте благодарејќи на овој редовен контакт со последните научни достигнувања во областа на здравјето на кожата, нашето разбирање на функциите на здравата кожа и чувствителноста, дисфункционалноста, регенерацијата и секојдневната заштита на кожата.

Работиме со здравствените работници од целиот свет кои ја споделуваат нашата визија за екобиологијата. Во нашите истражувачки програми се вклучени ентузијасти кои се дерматолози, педијатри, онколози, болнички персонал и фармацевти. 

Заедно, водени од истиот принцип, се обидуваме подобро да го разбереме потеклото на нерамнотежата на кожата за да отвориме пат за новите дерматолошки иновации и да изнајдеме револуционерни решенија.

Постојаниот напредок во ова фундаментално истражување ни овозможува подобро да им служиме на кожата и на здравјето на секој поединец, чекор по чекор. 

Bioderma - experts community

Bioderma - women in laboratory

Кога ги подготвуваме иновативните производи, работиме заедно со лекарите, дерматолозите и експертите за кожа. 

Нашата работа се базира на внимание и размислување со цел приготвување на единствени формулации. 

Од идеја до финален производ, вклучувајќи проценка на нивната ефикасност и толеранција на кожата, BIODERMA ги повикува независните експерти и корисниците да се уверат дека нашите производи ги исполнуваат нивните потреби. 

Бидејќи секоја кожа е индивидуална, BIODERMA се грижи за неа со посебен пристап базиран на екобиолошки принципи.

Во BIODERMA, веруваме дека совршено исчистената кожа е предуслов за здрава кожа. Соодветното чистење е првиот чекор во грижата за кожата и ја оптимализира ефикасноста на сите козметички производи. За нас, чистењето на кожата е начин за грижа за неа.

Затоа, имаме дерматолошка експертиза за чистење која е најдобра, што доведе до пресвртни иновации, како Nodé шампонот во 1977 година – првиот ултранежен шампон формулиран без детергенти и наменет за чистење на коса и скалп. Тука е и Sensibio H2O, иновативен чистач, кој ги исполнува потребите на дерматолозите, кои преферираат средство за чистење што не е агресивно за кожата на нивните пациенти. Пионерски, BIODERMA ја формулираше првата мицеларна вода на пазарот, производ за длабинско чистење на кожата, без плакнење, наменета и за најчувствителната кожа.

Bioderma - woman cleansing her face

Со основни секојдневни производи за темелно чистење на кожата и обезбедување на неопходната хидратација.

Нашите производи за нега вклучуваат и патентиран природен комплекс, DAF (напредна дерматолошка формула) која помага кожата да биде помалку реактивна.

Bioderma - preserve healthy skin

Користиме меѓународни патенти кога ги подготвуваме нашите производи за нега, конкретно насочени кон секој проблем на кожата. Врз основа на принципите на екобиологијата кои нè водат, нашите патенти дејствуваат врз причинителите на овие дисфункции и одат подлабоко од симптомите за да ѝ помогнат на кожата да ги реактивира своите природни биолошки функции.

Bioderma - adolescent with acne-prone

Кај некои долготрајни болести (дијабетес, рак, откажување на бубрезите, итн.), лековите кои се користат можат да ја ослабнат кожата и да предизвикаат различни несакани ефекти врз неа. Како експерти и во биологијата и во дерматологијата, подготвивме производи кои се конкретно насочени кон ваквите ефекти.

Bioderma - dermatological accompaniment

  • ask naos

    побарајте персонализиран совет на AskNAOS.com

     

Повеќе од 40 години подготвувме конкретни, ефективни решенија достапни за сите, што го олеснуваат секојдневниот живот и помагаат во грижата за здравјето на кожата.

Некои од пресвртните иновации
 

2014

Bioderma_atoderm-intensive-baume

Atoderm

Atoderm Intensive Baume

Atoderm Intensive Baume е ултрасмирувачки екобиолошки производ за иритирана до атопична кожа. Составен од биомиметички липиди, неговата липогенска технологија го имитира составот на здравата кожа и помага да се стимулира природното производство на протеини и липиди за да ѝ се помогне на кожата повторно самата да ја изгради својата заштитна бариера. Така, ги спречува алергените да продрат и да ја влошат состојбата на сувата кожа. Дејствува само на причините за атопичниот дерматит благодарение на патентираниот комплекс Skin barrier therapyTM. Овој патентиран комплекс го ограничува прилепувањето на одделни бактерии (Staphylococcus aureus) на површината на кожата, кои ја влошуваат сувоста на кожата. Неговата формула и начинот на користење подразбираат нанесување на точна доза, без кожата претерано да се третира, за да се ограничи иритацијата, а кожата да се чувствува попријатно.

2020

Bioderma_medisecure

Medi-Secure

Medi-Secure approach

Пристапот Medi-Secure ја зема предвид неурамнотеженоста на кожата ослабена од одредена болест или третман. Врз основа на принципите на екобиологијата, структурирана на три столба: внимателно избрани состојки, практично и хигиенско пакување-TubairlessTM и клинички студии спроведени под медицински и онколошки надзор. Од овој пристап, формулирани се два дермо-козметички производа: Atoderm Xereane, смирувачки, хранлив балзам направен за кожа исушена од одредени третмани за рак, дијабетис или дијализа, и Cicabio Restor, заштитна смирувачка нега за кожа ослабена од одредени третмани (третман на рак).