ВОВЕД

Исто како и почитувањето на вашата кожа, почитувањето на вашата приватност е еден од нашите приоритети. Кога ја пребарувате нашата веб-страница, можете директно или индиректно да ги оставите вашите информации, кои се вредни и се дел од вашата приватност. Политиката на приватност има за цел да ви објасни како собираме информации за вас и како ги користиме овие информации.

Прочитајте ја нашата Политика на приватност до крај, а принципите на нашата работа се следниве:

  • Ние никогаш нема да ги продадеме вашите информации.
  • Ние никогаш нема да ги споделиме вашите лични информации со трета страна за промотивни цели на таа трета страна.
  • Ние секогаш ќе се грижиме за безбедноста на вашите податоци, почитувајќи го Законот за заштита на личните податоци ("Службен весник на РМ", број 42/20).
  • Податоците кои ќе ги оставите ќе се користат исклучиво за причината поради која сте ни ги оставиле.
  • Ние никогаш нема да ви испратиме промотивна емаил пошта директно без ваша дозвола.

Ако не сте сигурни или имате прашање за тоа како се собираат или користат вашите податоци, контактирајте не на: emilija.prodanovska@simplimel.mk

Подолу можете да ја прочитате нашата политика за приватност.

ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА

Симпли Мел д.о.о. е трговски друштво со седиште во Скопје, со адреса М. Т. Гологанов бр. 98/3-12, Македонија, матичен број ЕДБ 4057012518036.

КОГА ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Можеме да ги собереме вашите лични информации на следниве начини:

  • Може да ве прашаме за ваши лични информации во случај да учествувате во нашите наградни игри или промоции или ако пријавите проблем поврзан со нашата веб-страница.
  • Ако контактирате со нас, ние може да собереме и чуваме записи за такво допишување, вклучително и разни лични информации што ги давате за време на допишувањето.
  • Можеме да собираме и чуваме лични информации што ни ги доставувате како дел од анкетите што сме ве замолиле да ги пополните, иако од вас не се бара да одговорите на нив.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ

Иако не ги собираме активно, може да ги зачуваме сите лични информации што ги испраќате преку емаил пошта.

  • основни лични податоци (име и презиме)
  • основни информации за контакт (адреса, телефонски број, адреса за емаил пошта)
  • информации поврзани со употребата на нашата веб-страница.

КОЛАЧИЊА

“Колаче” е мала датотека на вашиот уред што се користи за зачувување на вашите преференции и други информации и се користи од веб-страниците што ги посетувате. Можете да блокирате колачиња во поставувањето во веб-прелистувачот што ви дозволува да одбиете да ги поставите сите или некои колачиња. Меѓутоа, ако ги поставите подесувањата на прелистувачот да ги блокира сите колачиња, можеби нема да ви биде дозволен пристап до сите или некои делови на нашата веб-страница. Ако не ги поставите подесувањата на вашиот веб-прелистувач автоматски да одбива колачиња, нашиот систем ќе испрати колачиња веднаш штом ќе ја посетите нашата веб-страница.

КАДЕ ГИ ЧУВАМЕ И ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние ги чуваме личните податоци што ги собираме од вас со соодветни технички и организациски мерки за да ги заштитиме од неовластен пристап. Сепак, ние може да ги споделиме овие информации со трети лица со кои работиме заради исполнување на договор за услуга со вас. Ние ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да осигуриме дека вашите лични податоци, без оглед каде се обработуваат, се безбедни и третирани во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

КАКО ГИ ЗАШТИТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние посветуваме најголемо внимание на одржувањето на безбедноста на сите податоци и ги презедовме сите соодветни чекори во согласност со законот за заштита на личните податоци. Собирањето на сите лични податоци се врши преку шифрирана врска (https). Сите лични податоци се чуваат во согласност со највисоките ИТ стандарди и за нив се грижи нашиот персонал специјализиран за безбедност на информациите. Физичкиот пристап до сите лични податоци е заштитен според соодветните стандарди.

ЗА КОИ ЦЕЛИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние ги користиме личните информации што ги собираме од вас на следниве начини:

  • Да ја прикажете содржината на вашите веб-страници на најефикасен начин на Вашиот уред.
  • За да одговориме на вашите прашања.
  • Да давање информации во случаи кога сте ја дале потврдата да ве контактираме.
  • Да ви испратиме известувања за промените во врска со нашите услуги.
  • Да ви испратиме промотивна е-пошта, во случаи кога сте дале експлицитно дозвола за тоа.
  • За да се спречи измама.
  • Да се откријат, спречат и идентификуваат потенцијални безбедносни упади.

ПРАВНА ОСНОВА ЗА СОБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА

Личните податоци мора да бидат обработени законски, правично и транспарентно во однос на субјектот на податоците. Законска обработка е обработката што се извршува во согласност со Законот за заштита на личните податоци ("Службен весник на РМ", број 42/20) или друг закон со кој се уредува обработката;

Обработката е легална само ако е исполнет еден од следниве услови:

  1. лицето на кое се однесуваат личните податоци се согласило за обработка на неговите/нејзините лични податоци за една или повеќе специјално назначени цели;
  2. обработка е неопходна за извршување на договор со лицето на кое се однесуваат податоците или за превземање активности, на барање на лицето на кое се однесуваат податоците, пред склучување на договорот;
  3. обработка е неопходна со цел почитување на правните обврски на операторот;
  4. обработката е неопходна со цел да се заштитат виталните интереси на лицето за кое се однесуваат податоците или на друго физичко лице;
  5. обработката е неопходна заради извршување активности од јавен интерес или извршување законски овластувања на операторот;
  6. обработката е неопходна за да се постигнат легитимните интереси на операторот или трета страна, освен ако тие интереси не се над интересите или основните права и слобода на субјектите на податоците за кои е потребна заштита на лични податоци, а особено ако субјектот на податоците е малолетник;

КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Ние ги чуваме вашите податоци само онолку колку што е навистина потребно за да се исполни целта за која се собрани. На крајот на периодот на задржување, или ќе ги избришеме или анонимизираме личните информации за да не може повеќе да се поврзуваат со никого.