Дехидрирана кожа
Важно е да се направи разлика помеѓу дехидрирана и сува кожа.На дехидрираната кожа и недостасува вода, а на сувата кожа и недостасуваат хранливи материи (липиди, есенцијални масни киселини).
Дехидратација може да се појави кај сите типови на кожа, вклучувајќи комбинирана до мрсна кожа.
Дехидрираната кожа е затегната, пецка, нема сјај и има чувство на непријатност, па дури може и да се лупи. Недоволно хидрирана, кожата веќе не ја исполнува својата функција на заштитна бариера.