Нашата посветеност во служба на здравата кожа

Bioderma - healthy skin

BIODERMA е бренд на NAOS чија цел е да ја чува кожата здрава, долготрајно.

Со целосно почитување на природната рамнотежа на кожата, нашите производи за нега се направени со користење на пристап- без компромиси со дерматолошката безбедност. 

Бараме сите наши производи да ги почитуваат најстрогите препораки на здравствените органи и дерматолошките научни установи. 

Нашите производи се предмет на систематски тестови за безбедност и ефикасност.

Сите наши производи поминуваат тестови за толеранција под надзор на независни стручни дерматолози, алерголози и токсиколози од целиот свет. 

Во текот на последниве неколку години, спроведени се повеќе од 1000 клинички студии во 30 различни земји. Тие резултираа со редовни трудови во водечките научни списанија. 
 

Bioderma - dermatological safety

Безбедноста и почитта на сите видови проблеми на кожата се наш приоритет. Освен нашите екобиолошки принципи за избор на состојки и нашиот строг процес на одобрување, спроведуваме и ригорозно следење на козметичката безбедност. Ова овозможува секој несакан ефект и секој случај на нетолеранција да се анализира.

До денес, пријавени се помалку од еден случај на секои 1 000 000 продадени производи.
 

Bioderma - dermatological safety

Сите наши производи се во согласност со тековните меѓународни регулативи. Ова ги подразбира, регулативите на ЕУ кои ги нудат највисоките нивоа за заштита на потрошувачите во светот. 

Освен овие регулативи, посветуваме особено внимание на советите на Европската научна комисија за безбедност на купувачите, особено во однос на употребата на контроверзните состојки: ендокрини нарушувачи, иританси и загадувачи на околината. Сите сомнежи за некоја состојка кои се научно потврдени, отвораат процес за отстранување или замена на таа состојка. 
 

 

Bioderma - dermatological safety

Посветени сме на контролата на потеклото и целосна контрола на нашите состојки. Секоја состојка мора да има строги критериуми за биолошка ефикасност и дерматолошка безбедност.

Bioderma - Ingredients selection process

Сите нови состојки следат ригорозен процес со кој се дефинира:

  1. Контролата на целосната следливост на состојката, од нејзиното потекло преку производството и сите трансформации
  2. Пресметката на нивото на чистота
  3. Прочистувањето на нечистотиите и проверка да нема надминување на лимитите 
  4. Евалуацијата на комплетниот токсиколошки профил на состојката со помош од панел на независни токсиколошки експерти

Нашиот пристап: градење врски со заедниците и поддршка за секого, заедно.

Промовирање на дерматологијата во светски рамки 

WORLD RENDEZ-VOUS ON DERMATOLOGY ОРГАНИЗИРАН ОД BIODERMA

“World Rendez-Vous on Dermatology” (Светски дерматолошки собир) е единствено место за средби кое секои две години ги спојува најголемите меѓународни експерти за да дискутираат за последните достигнувања во дерматолошките истражувања. 

Активно помагаме да се сподели дерматолошкото знаење меѓу лекарите од целиот свет и да се поттикне истражувањето во фундаменталната биологија.

420 учесници, 42 националности, конференции и работилници... да се промовира дерматологијата заедно и да се обезбеди подобра грижа за здравјето на кожата. 

Дознајте повеќе за World Rendez-vous

NAOS World Rendez-Vous on Dermatology

Подобрување на квалитетот на живеењето на пациентите и вршење на истражувања за негата на кожата

BIODERMA и Institut Curie го користат своето искуство за да го подобрат квалитетот на животот на пациентите кои се лекуваат од рак.

За подобро справување со несаканите ефекти на кожата и за подобрување на истражувањето на грижата за кожата, заедно создадовме сосема нов центар: “L’Espace de Soins et d’Etude de la peau” (Простор за нега и проучување на кожата).

Овој центар има многу намени: 

  • место за дискусија, каде пациентите се чувствуваат комфорно, поддржани и сослушани; место што ќе го подобри патот кон негата и протоколите за нега.
  • место за проучување, каде токсините на кожата се проучуваат за подобро да се разберат, да се третираат и да се превенираат. Резултатите од овие клинички студии се објавуваат во научниот печат, се презентираат на поголемите конференции и помагаат за понатамошни знаења кај научниот свет.

BIODERMA исто така поддржува истражување на негата на кожата преку својот прв грант за оваа намена, кој овозможува подготовка на проекти од страна на персоналот вклучен во подобрување на квалитетот на животот на пациентите.

Дознајте повеќе за Institut Curie

company-institut curie

Изнаоѓање одржливи решенија за општествено одговорната мисија

Од 2009 година, BIODERMA спроведе извесен број хуманитарни мисии во Југоисточна Азија (Виетнам, Камбоџа, Мјанмар) заедно со дерматолози, фармацевти и хуманитарни организации со кои обезбеди медицинска помош, ИТ ресурси и опрема за локалното население. Секоја мисија овозможи речиси 2000 пациенти да добијат консултации, превентивни мерки и донации (лекарства, очила, итн.). 

Нашата дерматолошка експертиза спроведува многу образовни кампањи за подигање на свеста за фото-заштита во најжешките и најчувствителните земји, како Танзанија или Еквадор, во соработка со тамошните министерства за здравство.

Преку солидарните акции учествуваме во подобрување на квалитетот на животот на оние кои најмногу имаат потреба. Во Бугарија, помагаме училиштата и јавноста подобро да ги разберат и да ги лекуваат акните. Во Литванија, веќе 5 години организираме школа за атопија на кожата, за родители и за деца. Во Перу, ги придружуваме децата болни од рак во болниците и деца со атопични состојби на кожата кои немаат пристап до здравствена заштита.

Сите овие акции се одраз на нашите длабоко вкоренети човечки вредности и на духот што нè инспирира.

responsible missions

Нашата мисија е пред сè грижата. Грижата за кожата, грижата за човекот, но и грижата за светот околу нас, за нашата планета.

respect for the environment

Наши заложби 

Заштитата на околината е во сржта на нашите секојдневни заложби. Затоа, веќе неколку години, почнавме со процес на трансформација, за значително намалување на нашето влијание врз околината, на сите нивоа на вредносниот синџир на нашите производи. 

Затоа, во NAOS, како ги правиме нештата е дури и поважно од тоа што правиме. Посветени сме, колку што е можно, да комбинираме иновација, раст и намалување на влијанието врз средината.

  • strive for sustainability

    Нашата посветеност, затоа, е базирана на следните 4 столба: 

    1.Намалување на трошењето на водата, енергијата и емисиите на јаглерод за време на производството и транспортот.

    2. Подобрување на влијанието на амбалажата врз околината.

    3. Оптимизирање на влијанието на состојките и формулите врз околината.

    4. Информирање на корисниците за соодветното користење на нашите производи.

Во NAOS, транспарентноста е секојдневна посветеност, секому да му се овозможи да го избере вистинскиот производ.

Затоа го имаме Ask.NAOS, платформа за информирање за нашата политика во врска со формулите и составот на производите од брендот NAOS (BIODERMA, Institut Esthederm, Etat Pur). За сите кои ги користат и ги препорачуваат нашите производи, имаме целосни информации за природата, потеклото и улогата на нашите состојки, како и нашите патенти и технологии.
 

Bioderma’s product learn more about the ingredients and patents on ASK.NAOS

Состојките во нашите формулации имаа ексклузивност, се избираат нови формули и се подобруваат постоечките, со цел да се обезбеди најдоброто за здравјето на кожата.

Во поглед на регулативите, внимаваме на мислењата дадени од Европската научна комисија за безбедност на потрошувачите, особено во однос на користењето на контроверзните состојки: ендокрините нарушувачи, иритансите и загадувачите на околината. За секој сомнеж за некоја состојка, поткрепен од научен консензус, следува процес на елиминација или замена на оваа состојка.

company- formulas laboratory

Најчесто избираме формулации за заштита од сонце на маслена основа (без афинитет за соединување со вода) овозможувајки највисоко можно ниво на отпорност на вода.

Овој пристап гарантира дека заштитата од сонце добро се одржува на кожата и го ограничува влијанието на сончевите филтри врз морскиот екосистем.Тестирањата спроведени од независни тела докажаа дека нашите производи се нетоксични за коралите и не предизвикуваат нивно избелување. Овие тестирања  покажаа и дека нашите филтри немаат влијание врз фотосинтезата на морските алги. 

Затоа, се стремиме да ги контролираме сите макро и микро загадувачи кои можеби потешко се толерираат од страна на кожата и кои можат да бидат штетни за биодиверзитетот. 

company- commitments marine ecosystem

Позитивен развој на специфичноста на нашите производи

Секој ден, се повеќе се посветуваме на:

  • Развивање големи пакувања: во нашето севкупно портфолио, пионери сме во понудата на производи со голем волумен. Посветени сме да продолжиме со овој пристап за да трошиме помалку материјал.
  • Ограничување на препакување:  голем дел од нашите производи немаат кутии или брошури. 
  • Посветеност на циклус на одржливи набавки, особено за нашите картонски кутии, кои доаѓаат од одржливи шуми со назнака FSC.
  • Гаранција за одржливоста на целиот синџир на производство како и на вклученоста во екологијата и на нашите партнери: работиме со производители што гарантираат совршена транспарентност, преферирајки ги сертифицираните производители.
  • Намалување и рециклирање на нашиот индустриски и функционален отпад.
strive for sustainability