Sébium Global Cover е тониран производ со одлична покривност кој делува на причинителите за создавање на акни и митесери. Оригиналната патентирана комбинација на Bakuchiol и патентот Fluidactiv™ (Seborestore technology) биолошки го ребалансира составот на себумот за да ја врати неговата природна заштитна функција и превенира појава на нови неправилности.
Sébium Global Cover исто така делува на постоечките акни и митесери:
-Kомбинација на правилно дозирани дерматолошки активни состојки - АХА естри, салицилна киселина и лимонска киселина - ги чисти порите и ја измазнува текстурата на кожата. -Еноксолонот ја смирува кожата и го намалува црвенилото.
-Цинк глуконат го регулира сјајот.
-Глицеринот ја навлажнува кожата и дава чувство на удобност.
Овој високo покривен тониран крем, богат со пигменти и матирачки прашоци, го изедначува тенот. Зелениот компактен пигмент, го неутрализира црвенилото, за подобра корекција.
Sébium Global Cover
Кожа склона кон акни
Нега која ги прикрива и елиминира акните и спречува нивно повторно појавување.
Detailed description
SEBIUM GLOBAL COVER – FLUIDE + SEBIUM GLOBAL COVER – COMPACT
Возрасни, Тинејџери
Придобивки
- Овозможува долготрајна покривност
- Елиминира акни и комедони
- Го регулира сјајот
- Го неутрализира црвенилото
Добра толерантност - Некомедогено
Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.


Еднаш до двапати дневно
- Чекор 1 Нанесете на кожа исчистена со Sébium Gel moussant или Sébium H2O.
- Чекор 2 Прво на акните, нанесете слој од зелен коректор, кој се наоѓа во капачето од производот.
- Чекор 3 Потоа одвртете го капачето и нанесете од тонираниот флуид на целото лице.
Бидејќи станува збор за течна формула, цврсто затворете го капачето по секоја употреба. Избегнувајте контакт со очите. Ако проблемите продолжат, консултирајте се со вашиот лекар. Од 10-годишна возраст.
Работиме секојдневно на влијанието на нашите производи врз надворешната средина. Повеќето од нашите производи се направени од пластика и може да се рециклираат. Сите наши надворешни амбалажи се направени од хартија од одржливо управувани шуми. Погледнете ги локалните упатства за сортирање за да го рециклирате вашиот производ најсоодветно.
Акните се чест проблем на кожата кои се манифестираат како воспаление и митесери. Најчесто се јавуваат кај адолесценти, но ги погодува и возрасните лица.
Причините за појава на акни се различни: сè започнува поради зголемената секреција на себум, што резултира со појава на мрсна и сјајна кожа. Кожата склона кон акни има и нерамнотежа во составот на себум. Комбинацијата на овие фактори доведува до појава на митисери и воспалителни лезии.
Секојдневието со акни не е лесно бидејќи тие се најконцентрирани во областа на лицето! Акните, исто така, имаат силно психолошко и социолошко влијание ако не се третираат правилно, или ако воопшто не се лекуваат. Затоа, од суштинско значење е да се третира оваа патологија со долгорочни третмани со цел да се подобри секојдневниот живот на пациентите со акни.
Тен
Радијантноста на тенот е веднаш подобрена за 38% (1)
Тенот е воедначен: 84% (2)
Матира
Кожата моментално е матирана (1)
Црвенило
Црвенилото веднаш се намалува (1)
Долготрајна ефикасност (1)
Црвенилото се намалува до 12 часа
Кожата е матирана до 12 часа
79% е намалено излачуваето на себум, по 12 часа.
Ефикасност против неправилности по 28 дена (3) Помалку дамки и митесери: 77%
Помалку флеки: 82%
