Bioderma - woman face

Мицеларната вода ги отстранува сите траги од шминка, себум и останатите нечистотии без гребење или оштетување на кожата, во еден чекор. Мицеларната вода е совршена за Вашата дневна рутина на чистење на кожата. Користете ја наутро и навечер за нежно чистење кое е соодветно дури и за најчувствителната кожа.

Особено добро дејствува кај лица со кожа склона кон иритации или нетолерантна кожа, кај кои дури и обично триење со памук може да предизвика иритација. 

Мицелата е комплексна структура составена од нежни нејонски сурфактанти (средства за чистење), во форма на невидлива микросфера.

Мицелите имаат два пола:

  • првиот е хидрофилен кој е растворлив во вода,
  • а вториот липофилен кој ги привлекува маслените материи некомпатибилни со вода.

Ваквиот двоен афинитет им овозможува да привлечат секаков вид нечистотии, оставајќи ги на памучниот тупфер. На овој начин, тие можат да отстранат надворешни остатоци  (шминка, нечистотии од загадениот воздух, итн.) како и нечистотии поврзани со природните функции на кожата (себум, пот, десквамација, итн.).

Micellar water mode of action

Мицеларните раствори на Laboratoire Bioderma се препорачани од дерматолозите и се употребуваат од страна на професионалните шминкери.

Your Skin - Sensibio

Тие се водечки мицеларни производи бидејќи се направени од ригорозно одбрани состојки како што се:

  • специфичен естер на масна киселина наречена глицерол естер, биомиметичка активна супстанца која е многу слична на структурата на кожата. Поради ова, Bioderma мицеларната вода гарантира толку високо ниво на толерантност, дури и за најчувствителната кожа.
  • високо прочистена вода со уникатна физиолошка pH вредност која е најбезбедната можна опција, која нуди високо ниво на хемиска и микробиолошка чистота. Поради ова, мицеларната вода не е потребно да се измива. 

Тие се хипоалергени и не содржат алкохол и парабени, со што совршено ѝ одговараат на кожата и го заштитуваат нејзиниот хидролипиден филм.

Како се разликуваат од обичната вода?

Водата од чешма содржи калциум и хлор, кои може да ја иритираат кожата. Термалните води немаат моќ на чистење. Нивниот состав зависи од годишното време, регионот и други услови. 

 

Зошто постојат неколку вида на мицеларни водени раствори?

Laboratoire Bioderma има дизајнирано посебни мицеларни води базирани на потребите на секој тип на кожа. Тие овозможуваат совршена толерантност и оптимална нега за сите типови на кожа, вклучувајќи ја чувствителната, нетолерантната и масната кожа. Имаат дизајнирано дури и производ наменет за деликатната бебешка кожа. 

ШТО ТРЕБА ДА СТОРАМ?

СЕКОЈДНЕВНО ЧИСТЕЊЕ

  • Може да користите мицеларна вода за да го исчистите лицето пред нанесувањето на останатите производи за нега на лице.

  • Многу е важно да се исчисти кожата секоја вечер пред спиење, дури и доколку немате нанесено шминка, за да се отстранат многуте нечистотии кои се акумулирале на епидермисот во текот на денот, како што се честичките од загадувањето, сквамите, потта, нечистотиите итн.