- Строго следете го третманот
Третманот против акни нема да функционира од првата примена, па морате да бидете трпеливи. Меѓутоа, прилично брзо ќе ги видите резултатите, ако секојдневно се приджувате до третманот: хигиена прилагодена за кожа склона кон акни + медицински третман наутро и навечер. Во зависност од особата и типот на акни, значајно подобрување е видливо по 4 до 6 недели.
- . Избегнувајте го сонцето
Вистина е дека може да ги исуши акните и да ги скрие неправилностите преку сончањето, па кожата да ви изгледа почиста и помазна. Но, ќе ги нагласи Вашите неправилности (или комедони) подоцна, со задебелување на орожнетиот слој што на тој начин ги задржува клетките и себумот во пило себоцеалната фоликула. Ова го зголемува бројот на комедоните и незибежно поттикнува појава на големи неправилности кога ќе избледи темниот тен. За да се избегне овој јо-јо ефект и непријатни изненадувања кога ќе помине одморот, зашитете ја кожата со производ за заштита од сонце со заштитен фактор 30. Користете немрсни спрејови или течна текстура наменета за мрсна кожа склона кон акни.
Колку повеќе ги допирате акните, толку повеќе го влошувате воспалението (го зголемувате нивниот број и големина), толку поверојтано е дека ќе станат пустуларни (акни со исцедок) и толку е поголем ризикот дека ќе се појават лузни.