Dandruff and scales

Првутот е резултат од прекумерното размножување на микороорганизмите од фамилијата Malassezia, кои представуваат габички. Овој феномен предизвикува многу брзо обновување на клетките во епидермисот. Се појавуваат како сквами на скалпот, формирајќи големи парчиња првут кои паѓаат или остануваат прилепени на скалпот и тогаш изгледаат масно и се жолтеникаво-сиви.
Првутот може да биде придружен со екстремно иритиран скалп и интензивно чешање. Првутот е видлив во косата и, во повеќето случаи, паѓа на вратот и рамената, особено при чешлање. Уморот, стресот, загадувањето и зимата се фактори кои можат да поттикнат забрзано размножување на Malassezia а со тоа и појава на првут.

Постојат два вида: сув и мрсен првут.

Нивниот изглед ни дава информации за основната причина за неговата појава.

  • Кај умерениот проблем со првут, сквамите се тенки, суви, сиви или белузлави и не се прилепуваат за кожата на главата туку паѓаат на рамената.
  • Густиот, мрсен и жолтеникав првут е прилепен за скалпот и најчесто е придружен со чешање. Тој всушност претставува блага форма на себороичен дерматитис. Во тој случај скалпот е често зацрвенет и иритиран.
  • Суви, белузлави сквами придружени со црвенило се карактеристични за псоријаза. Во овој случај исто така се јавува чешање. 

Доколку се сомневате дека имате сериозен проблем со првут, консултирајте се со Вашиот дерматолог.

Doctor with patient - Talking

Што ги предизвикува сериозните, хронични сквами или псоријазата?

Псоријазата се карактеризира со сериозна појава на сквами и суви делови кои личат на задебелени, јасно дефинирани печати - особено на ивиците на скалпот - и се со округлест или овален облик, со црвенило и сквами. Големината на овие сквaми може да варира да го прекрива целиот скалп.

Сквамите се сребреникаво бели, компактни, суви и прилепени за скалпот. Скоро секогаш се придружени со интензивно чешање.


Генетската предиспозиција, стресот, одредени инфекции (особено на очите, носот и грлото и денталните инфекции), како и користењето на одредени лекарства (литиум, синтетички лекови против маларија, бета блокатори итн.) може да бидат причинители за појавата на сериозен проблем со сквами на сувите области.

 

Тие се резултат на комбинација од 3 феномена:

Step 1
1/ Прекумерно размножување на епидермалните клетки кое предизвикува задебелување на кожата во облик на печати, придружено со црвенило и сквами.
Step 2
2/ Нарушена диференцијација т.е. обновување на епидермалните клетки. Овој процес кој вообичаено трае околу 30 дена е скратен на помалку од една недела (3 до 6 дена). При стареењето, кератиноцитите се соочуваат со проблем во диференцијацијата: го задржуваат својот нуклеус сѐ дури да стигнат до рожестиот слој.
Step 3
3/ Воспалителна реакција во дермисот Сериозната појава на сквами со суви регии се развива во последователни фази на воспалителни процеси и ремисија.

Immunity

Сквамите може да се поврзат со две заболувања: себороичен дерматитис (СД) и псоријаза. 

1. Кај СД, сквамите се предизвикани на истиот начин како кај првутот (размножување на габичките Malassezia), но со поизразена клиничка слика

Cold

2. Псоријазата не е предизвикана од габично размножување; во овој случај се работи за потполно различна состојба поврзана со генетска предиспозиција активирана од надворешни фактори. 

Мијте ја косата и скалпот 2 до 3 пати неделно со благ шампон кој содржи:

  • Активни супстанции со антигабично дејство против размножувањето на габичките Malassezia,
  • Активни супстанции кои го искоренуваат првутот и го регулираат размножувањето на клетките, и
  • Состојки кои го смируваат чешањето.
  1. Масирајте нежно со кружни движења.
  2. Темелно исплакнете ја косата.
  3. Внимателно исушете ја косата. Доколку користите фен, внимавајте тоа да не биде со премногу топол воздух за да не го иритирате скалпот.

Обидете се да не се чешате за да не ја влошите состојбата. Соодветен медицински шампон најчесто го смирува скалпот. 

Мијте ја косата и скалпот неколкупати неделно со медицински шампон со високо ниво на толерантност кој содржи:

  • Кератолитички активни супстанции за да ги елиминираат прилепените сквами,
  • Активни супстанции кои го намалуваат интензивното чешање, и
  • Интензивни емолиенси кои ќе делуваат на сувите зони.
  1. Масирајте нежно со кружни движења.
  2. Темелно исплакнете ја косата.
  3. Внимателно исушете ја косата. Доколку користите фен, внимавајте тоа да не биде со премногу топол воздух за да не го иритирате скалпот.

Обидете се да не се чешате за да не ја влошите состојбата. Соодветен медицински шампон најчесто го смирува скалпот. 

Мијте ги косата и скалпот со медицински шампон со високо ниво на толерантност кој содржи:

  • Активни супстанции со антигабично дејство против размножувањето на габичките Malassezia,
  • Активни супстанции  кои го искоренуваат првутот и го регулираат размножувањето на клетките, и
  • Активни супстанции  кои можат да го смират интензивното чешање и антиифламаторни состојки кои ќе го смират скалпот.

Ваквиот шампон треба да се користи 2 до 3 пати неделно за да се третира интензивниот првут (во период од 15 до 21 ден), а потоа еднаш или двапати неделно за одржување, во комбинација со благ шампон.
 

  1. Оставете го шампонот да делува неколку минути на скалпот, особено на засегнатите делови. Доколку шампонот има кремаста структура, неговите активни супстанции нема да навлезат во вашите очи.
  2. Нежно измасирајте со кружни движења.
  3. Темелно исплакнете ја косата.

Внимателно исушете ја косата. Доколку користите фен, внимавајте тоа да не биде со премногу топол воздух за да не го иритирате скалпот.
Обидете се да не се чешате за да не ја влошите состојбата. Соодветен медицински шампон најчесто го смирува скалпот.