Атопискиот дерматитис е воспалителна болест на кожата која се карактеризира со екстремна сувост и црвени делови, често покриени со мали пликови кои предизвикуваат интензивно чешање.

Атопичниот дерматитис е бенигна и незаразна хронична болест со акутна фаза на егзема.

Овие акутни фази имаат значително влијание на квалитетот на животот и често предизвикуваат несоница. Со тек на времето, атопиијата може да се манифестира и во други алергии, како астма, алергиски ринитис или алергиски конјуктивитис. Компликациите се бактериски или вирусни (херпесни) секундарни инфекции. Мулускум контагиозум, е вирусна состојба, која исто така често се појавува кај атописките профили.   

Екстремно сувата кожа станува попропустлива, повеќе ја нема својата улога на бариера од надворешните стресови и алергени. Но, не секоја сува кожа станува атопична. Атопијата се развива кај профили со генетски предиспозиции. Студиите покажуваат дека ако едниот родител има атопична кожа, веројатноста дека детето ќе ја има истата состојба на кожата е 30%**. Ако ја имаат и двајцата родители, веројатноста е 70%**. Покрај генетскиот фактор, атопичната кожа е поврзана и со:

Реакција на имунолошкиот систем кој претерано реагира, создавајќи воспаление. Епидермисот станува пропустлив за алергени (животински влакна, полен) и одредени бактерии (Staphylococcus aureus), кои предизвикуваат воспалителни реакции.
Нутритивни алергени кравјото млеко, јајцата... се одговорни на ниво на дигестивниот тракт, за активирање на егземата. Други фактори, како што се хемикалиите што се нанесуваат на кожата, топлината или потењето се извори на иритација и се во коренот на појавата и влошување на егземата.

Меѓутоа, во повеќето случаи, децата со атопија немаат алергии на храна. Нутритивните алергии се манифестираат во вид на дигестивни проблеми, одредени кожни болести и во прекин на напредокот на детето во висина и тежина.

*** Атпоичен дерматитис. SA Büchner. Швајцарски медицински форум бр. 19, мај 2001 година "
 

 Фаза 1

Атопичниот дерматитис обично се појавува меѓу вториот и третиот месец на животот, кога на образите и на рацете се појавуваат исклучително локализирани црвени делови, а подоцна и во деловите каде што се превиткуваат колената и лактите. Болеста напредува преку активни фази во кои кожата се влошува и трае една до две години. Кожата е постојано сува, што води до чешање, предизвикува несоница и намалување на квалитетот на животот. 
 

Фаза 2

По неколку години, некои деца можат да покажат други видови атопија, како алергиски ринитис и/или алергиска астма. Ова е последната фаза на „атопискиот марш“. Често вклучува чешање и голем степен на колонизација на кожата со стафилокока ауреус. 

Затоа, за превенција на појава на атописки дерматит и негово влошување, научната заедница во моментов препорачува ран третман, од самото раѓање, со цел да се третира атопичната кожа кај новореоденчињата кои сè уште не покажуваат знаци на оваа состојба, но имаат генетски предизпозиции за неа. 

  • Луѓето кои заболуваат од атописки дерматит генерално се склони кон алергии (склони кон атопија).
  • Тие можат да имаат и респираторни проблеми (астма), проблеми со ушите, носот и грлото (алергиски ринитис), проблеми со очите (алергиски конјуктивитис) или дигестивни проблеми (алергии на храна).
  • Често се погодени бебињата и децата, обично на возраст меѓу три месеци и пет години, со најмногу, 80% од случаите пред да се наполни една година. Но, атопичната кожа може да трае и подолго, до позрела возраст. 
  • Dr Michèle Sayag, Алерголог.

    Прашање на корисник на Интернет: Како може да се спречи и лекува атопичниот дерматит?

    Превенцијата се користи за деца „изложени на ризик“, имено деца со барем еден родител склон кон алергија. Во овие случаи, на пример, знаеме дека е најдобро да се избегнува контакт со мачки во текот на првите неколку недели. Што се однесува до третманот, пробивот на егземата треба да се третира што е можно порано со локални антиинфламаторни лекови (дермокортикостероидни креми). Промените во кожната бариера треба да се третираат секој ден со емолиент.

    Dr Michèle Sayag, Алерголог.
  • Dr Michèle Sayag, Алерголог.

    Прашање од корисник на Интернет: Дали водата што ја користам за да го измијам моето дете може да ја влоши неговата атопија?

    Тврдата вода ја влошува сувоста кожа и затоа влијае на бариерата на кожата така што им овозможува на алергените од околината да навлезат во кожата и да предизвикаат влошување на егземата кај деца со атопија.

    Dr Michèle Sayag, Алерголог.
  • Dr Michèle Sayag, Алерголог.

    Прашање од корисник на Интернет: Страдам од алергии (егзема, херпес зостер). Дали ќерка ми ќе биде склона кон развој на овие проблеми со кожата?

    Херпес зостер не е алергија, туку вирусна инфекција. Меѓутоа, ако страдате од атопични алергиски реакции, голема е веројатноста вашата ќерка да пројави атопичен дерматит.

    Dr Michèle Sayag, Алерголог.

Разбирњето на прогресивната природа на атопичниот дерматитис,  усвои нов пристап кон болеста и одреди две клучни цели кои ќе ве поттикнат да се обратите кај дерматолог. 

КОМПЛЕТНА ДИЈАГНОЗА

Каква стратегија треба да преимениме кога сме соочени со прогресивна болест? Треба да го спречиме напредувањето и да реагираме колку што е можно побргу, во фазата на сувост пред да избие атопискиот дерматит кај бебињата што се во ризичната група: оние со многу сува, бела и груба кожа, и оние чии родители или браќа и сестри имаат атопична кожа. 
 

Како да го сторите ова? Со интервенирање колку што е можно порано, со најфокусиран можен третман, бидејќи секој прцес на воспаление на атопичниот дерматитис поттикнува насанување на нов. Од суштинска важност е да се третира секој испад на драстичен начин, со што ќе се огранични повторната појава на лезии и ќе се намали траењето на напредувањето на болеста.


Медицинските третмани на егзема воглавно се ослонуваат на примена на локални кортикостероиди (или дермокорикостероиди). Тие ги елиминираат воспалителните лезии и даваат брзо олеснување на чешањето. Лезиите често се појавуваат повторно ако се прекине со третманот. Количината на дермокорикостероиди која ќе се употреби зависи од површината на која ѝ треба третман и од возраста на лицето. Бројот на тубички кои се користат во текот на теапијата го одредува лекарот. Избегнувајте да ги користите на бебешкото лице или на пеленската регија. 
Може да се користи лекот такролимус како второстепен третман доколку дермокорикостероидите немаат ефект, но само кај деца постари од една година. Другите третмани се користат само кај возрасни и адолесценти. 
Диетите со елиминирање на одредена храна се оправдани само ако е медицински потврдено дека постои алергија на храна (со користење на алерго тестови направени во специјализирани установи). 

Следете ги сите совети на дерматологот. Имајте ги предвид следниве предупредувања:

  • Избегнувајте алергени кои можат да предизвикаат акутни инфламаторни реакции, како грини, полен и животински влакна и пердуви, како и изложеност на чад од цигари.
  • Избегнувајте прерано воведување разновидна храна кај бебињата. Следете го советот на вашиот педијатар. 
  • Користете памучна облека. Избегнувајте волна или синтетички алишта кои можат да ја иритираат кожата. 
  • Внимавајте да не користите премногу детергент при перењето. Премногу детергент ја парви кожата чувствителна. 
  • Пеглајте ги алиштата или сушете ги во машина. Ова ќе направи да бидат помеки и поудобни. 
  • Температурата во домот нека не биде превисока (19-20°C) и редовно влажнете го воздухот. Проветрувајте го собите секој ден, и лете и зиме. 
  • Редовно влажнете го воздухот во спалната соба или едноставно испружете влажен пешкир навечер. 
  • Не ги намалувајте спортските активности, освен ако прекумерното потење не го влошува чешањето. 

  • Секој ден, туширајте се пет до десет минути со умерено топла вода (не треба да биде потопла од 35 степени целзиусови,  сувата кожа неподнесува жешка вода). Не користете купки или соли, кои секогаш ја сушат и ја иритираат кожата.
  • Користете производ за хигиена на телото со многу висок степен на толеранција: идеално би било течен синдет или сапун збогатен со липиди, кои не ја сушат кожата (за да ја зајакнат бариерата на кожата). Збогувајте се со обичните сапуни, бидејќи тие го иритираат и го сушат епидермисот.
  • Темелно исушете ја кожата, внимателно и лесно тапкајќи ја со памучен пешкир. 

Еднаш или двапати дневно, нанесете поголем слој на емолиент со многу висока толеранција, кој ја поттикнува обновата на бариерата на кожата, ја омекнува кожата и ја намалува нејзината хиперактивност.
Во приод на активна фаза на егзема, нанесувајте еднаш или двапати дневно, хидратантен и супер-мрсен третман кој го намалува чешањето и ги ограничува воспалителните реакции на целото тело, и надвор од лезиите на егземата.