Куперозата претставува проширување на малите површински крвни садови на ниво на дермис. Медицинскиот термин кој соодветствува на оваа состојба е телангиектаза.
Мрежата на површинските крвни садови формира „капиларен систем“ составен од црвенкасти линеарани линии видливи на лицето. Некои од параметрите на оваа мрежа можат да варираат, во зависност од човекот и видот на неговата кожа, годините, внатрешната или надворешната температура или промените во температурата. Крвните садови се повеќе или помалку проширени, а нивната боја се движи од светлоцрвена до лилава, па дури и сина. Топографијата варира, но обично е релативно симетрична. Највообичаената зона која може да биде зафатена се јаболчниците или образите, а во некои случаи е зафатен само носот. Но, може да биде зафатено и целото лице.
Кога разгранетоста на телангектазата е тешко да се види со голо око, а доминира црвенилото, оваа појава се нарекува еритроза.