Хроничната, повторлива природа на себороичниот дерматитис кој предизвикува црвенило на лицето со или без сквами и/или првут е значителен извор на непријатност кај засегнатите лица. Оваа непријатност се одразува и на квалитетот на живот (чувство на чешање).
Кои се знаците на псоријаза?
Псоријазата е хронична, незаразна состојба на кожата која погодува 2-3% од населението. Појавата не е ограничена со возраста. Тригер факторите се надоврзуваат на генетскиот предетерминаран профил и предизвикаат појава на лезии.
Подрачјата зафатени со псоријаза се црвени (еритематозни) и покриени со дебели бели сквами.
Најчесто зафатени се лактата и колената (области кои се под влијание на микротрауми), но може да биде зафатена и цела кожа. Скалпот е област која често е зафатена (особено оципиталната област). Може да се појави и во пределот под пазувите, во тој случај станува збор за инверзна псоријаза која е многу помалку лушпеста. И ноктите понекогаш можат да бидат зафатени на различни начини (задебелување, длабење, деформации).
Понекогаш псоријазата се појавува на кожата во вид на многу мали, капковидни парчиња или пустули со еритема (црвенило).