Bioderma - Woman protecting from the sun

Од друга страна, изложувањето на сончевото зрачење може да има повеќе штетни влијанија врз вашата кожа и здравјето.

Одговорното однесување подразбира користење на ефикасна заштита од сонце избрана врз основа на интензитетот на зрачењето и вашиот тип на кожа.

На детската кожа ѝ е потребна посебна заштита за која може да прочитате повеќе овде, исто како и на оштетената или повредена кожа кај која сонцето може да предизвика зголемена пигментација.

Како функционира сончевото зрачење?

Сонцето емитува бескрајни светлосни зраци со различни бранови должини, од најкратки до најдолги. Тоа истовремено емитува космички зраци, гама зраци, Х зраци, ултравиолетови (УВ) зраци (вклучувајќи ги УВЦ, УВБ и УВА зраците), видлива радијација, инфрацрвена радијација (ИР) и радио бранови.

Атмосферата го филтрира најопасниот дел од сончевото зрачење. До земјата стигнуваат две третини од зрачењето. Космичките зраци, гама зраците, Х зраците и УВЦ зраците, некомпатибилни со живиот свет, не допираат до нејзината површина. Зраците кои стигнуваат до нас (УВБ, УВА, видливите и инфрацрвените зраци) имаат влијание врз организмот. Инфрацрвените зраци содржат топлина; овие зраци предизвикуваат чувство на топлина на кожата, за разлика од УВБ и УВБ зраците кои се невидливи и студени но сепак може да имаат голем биолошки ефект. 

Зошто е неопходна заштита од сонцето?

Сончевото зрачење има деструктивни ефекти врз кожата кои варираат од изгореници (сончева еритема) до забрзано стареење на кожата и појава на рак на кожата. Изложувањето на сонце е најчестата причина за појава на рак на кожата, што воедно е и најсериозната последица од сончевото зрачење. Истовремено, постојат и други ризици како што се топлотен удар, сончаница, фотосензитивност, офталмија и алергија на сонце. 

  • Епидермисот одбива 85% од УВБ зраците; само 15% од нив стигнуваат до дермисот.

Количеството на УВБ зраци зависи од годишното време, географската ширина, периодот во текот на денот и надморската височина. Ова се зраците кои предизвикуваат потемнување на кожата и изгореници, тие се природен аларм на кожата кој ѝ дава до знаење дека добива премногу УВБ зраци. На долг рок, УВБ зраците имаат канцероген ефект. 
 

  • УВА зраците продираат длабоко во кожата, скоро 50% од нив стигнуваат до дермисот.

Сонцето ги емитува овие зраци во текот на целата година, тие поминуваат низ облаците и низ стаклата на прозорците. Предизвикуваат стареење на кожата (фотостареење) и поттикнуваат формирање на слободни радикали. Овие молекули ги напаѓаат клеточните структури и ДНК. Имаат канцероген ефект, но во помала мера споредено со УВБ зраците. 

Sunbrun skin graphic

UV radiation depends on what part of the earth it hits.

УВ зрачењето зависи од тоа на кој дел од земјата паѓа. Различните површини рефлектираат разлини количини:

  • снегот рефлектира 80% од сончевите зраци, песокот 15% а водата 25%.
  • Дури и 40 цм под нивото на водата, изложеноста на УВ зрачењето изнесува околу 40% од она на површината.

УВА и УВА зраците предизвикуваат рак на кожата бидејќи ја слабеат одбранбената моќ на имуниот систем на кожата, предизвикувајќи значителен оксидативен стрес и создавање на лезии на ДНК кои може да предизвикаат појава на канцерогени клетки.

Сите типови кожа реагираат различно на сончевото зрачење бидејќи секоја индивидуа има своја фотосензитивност одредена според фототипот. Фототипот претставува одговор на секој од нас кон активноста на сончевите зраци. Постојат шест фототипа зависно од бојата на тенот, бојата на косата, присуството на пеги и од склоноста кон сончеви изгореници или потемнување.
 

  1. Фототип I: многу светла кожа (црвена коса), секогаш гори на сонце, никогаш не потемнува, има многу пеги.
  2. Фототип II: светла кожа, секогаш гори на сонце, може да добие благо потемнет тен, има присуство на пеги.
  3. Фототип III: светла кон маслинеста, понекогаш гори, секогаш потемнува (благо до средно потемнување), може да има пеги.
  4. Фототип IV: маслинеста кожа, никогаш не гори, секогаш потемнува (многу темен тен), нема пеги.
  5. Фототип V: кафена кожа, никогаш не гори, секогаш потемнува (многу темен тен), нема пеги.
  6. Фототип VI: црна кожа, никогаш не гори, нема пеги.

 
Колку е посветол вашиот фототип (фототип I и II, како и фототип III), толку повисока
фотозаштита треба да користите. 

Your skin - hands skin colors

Како потемнува кожата?

Потемнувањето е во најголема мера предизвикано од УВБ зраците под „природното“ сонце. Ова е природен начин на кој кожата се адаптира и брани од сонцето, но не овозможува комплетна заштита. Темниот тен често обезбедува заштита од изгореници од сонце, но не се препорачува  прекумерна изложеност која може да има долготрајни ефекти (како што е ракот на кожата).

Изложувањето на сонце ги активира меланоцитите, кои создаваат меланин за да се заштитат од сонцето. Меланинот мигрира кон површината на кожата. Кожата истовремено се здебелува (преку зголемување на дебелината на орожениот слој), што заедно со пигментацијата делува како дополнителен заштитен фактор. Запомнете дека УВА зраците предизвикуваат моментална пигментација која трае само неколку часа. Ова не е потемнет тен, туку процес на оксидација кој станува видлив веднаш по изложувањето на сонце. УВБ зраците се единствените кои предизвикуваат вистинско потемнување на тенот, кој започнува да се развива два до три дена по изложувањето на сонце и го постигнува својот максимум три недели по изложувањето на сонце. 

Производите за фотозаштита се дизајнирани на тој начин што ги филтрираат и УВБ и УВА зраците, одржувајќи соодветен баланс меѓу нив. Нивната филтрирачка моќ се одредува преку СПФ (Sun Protection Factor, Фактор на заштита од сонце)

  • СПФ 6 = ниска заштита СПФ 15 = умерена заштита СПФ 30 = висока заштита
  • СПФ 50+ = многу висока заштита


Изберете производ со текстура која ви одговара според типот на кожа. За поголема ефикасност, нанесувајте на секои два часа. Некои производи се водоотпорни или го забрзуваат потемнувањето со цел да го намалат времето на изложување на сонце.

Skin graphic - sun protection

Какво влијание има сонцето врз стареењето?

Според експертите*, 80% од стареењето на кожата на лицето е предизвикано од изложувањето на сонце! Стареењето кое се поврзува со ова изложување се нарекува фотостареење.

Се манифестира со длабоки брчки, пигментни точки и видливи проширувања на малите крвни садови под површината на кожата (телеангиектази). Овој тип на забрзано стареење има влијание врз сите делови кои се често изложени, како што се лицето, грбот, рацете, подлактиците и деколтето. УВБ и УВА зраците драстично ги менуваат клетките на кожата, ги уништуваат колагенот и еластинот и можат да предизвикаат развивање на различни видови тумор.

Постојат многу причини за стекнување правилни навики за фотозаштита при изложување на сончевите зраци.

*Gilchrest BA et al, Effect of chronologic aging and photoaging: an overview., J Am Acad Dermatol, 1989; 21(3 Pt 2): 610-3

Hour
  • Избегнувајте изложување на сончевите зраци во периодите кога тие се најинтензивни. Колку е повисоко сонцето на небесниот свод, толку посилни се неговите ултравиолетови зраци. Во лето, овој период е од 11:00 до 16:00 часот (за регионот на западна Европа).
  • Не останувајте на сонце подолго со оправдувањето дека имате нанесено крема за заштита од сонце со висок заштитен фактор. Целта на овие производи не е да се зголеми бројот на часови на изложување на сонце туку да се намалат ризиците предизвикани од тоа изложување.
  • Најдобро е да не се останува на плажа во текот на целиот ден.
Body areas
  • Користете очила за сонце со висок анти-УВ индекс, капа или шешир и што е можно подолга широка облека (блуза со долги ракави, бермуди или панталони). Запомнете дека облеката, особено онаа со темна боја, е најдобар начин на заштита.
Sun
  • Со оглед на тоа дека инфрацрвените, а не УВ зраците се оние кои предизвикуваат чувство на топлина, може да добиете изгореници од сонце и без да имате чувство дека сте биле прекумерно изложени (на пример, кога сте на брод во текот на облачен летен ден).
  • На планина постои ризик дури и кога температурите се многу ниски. Всушност, заштитата која ја дава атмосферата се намалува поради надморската висина и сонцето станува поагресивно (количеството на УВБ зраци кои стигнуваат до кожата се зголемува за 4 % на секои 300 метри). Освен тоа, отсјајот од снегот значително го зголемува количеството на ултравиолетово зрачење кое стигнува до кожата (снегот може да рефлектира 80% од УВ зраците).
Seasons
  • Облачното време не значи дека треба да бидете помалку внимателни во однос на сонцето. Многу повеќе УВ зраци поминуваат низ облаците во споредба со инфрацрвените зраци и видливата светлина. Денот може да е посвеж и помалку светол, но не значи дека се намалени и ризиците предизвикани од ултравиолетовото зрачење. 
  •  Изберете место под сенка наместо на сонце, но имајте на ум дека ова не дава загарантирана заштита. Сенката навистина обезбедува заштита од директното сончево зрачење, но не и од сончевото зрачење кое се рефлектира од земјата (тревата рефлектира 3% од УВ зраците кои стигнуваат до неа, песокот од 5 до 25%, снегот од 30 до 80% а водата од 5 до 90%) или од сончевото зрачење кое го пренесуваат честичките во атмосферата (на пладне од 30 до 50% од УВ зраците доаѓаат од зрачењето кое го пренесуваат атмосферските молекули). 
Pills

Никогаш не се изложувајте на сонце откако сте нанеле парфем или кога земате одредени лекови без претходно да се консултирате со лекар или фармацевт.