Совет од стручно лице
Која е најдобрата заштита од сонце за чувствителна кожа?
Сонцето влијае на различен начин на секој од нас. Без оглед на различните фототипови, некои типови кожа имаат специфична чувствителност за која е потребна специјална заштита при изложување на сонце. Такви се кожата склона кон црвенило, кожа со неправилности, нетолерантна или алергична кожа, оштетената кожа, кожата со флеки, бебешката и детска кожа. За некои од овие специфични состојби, изложувањето на сонце може да биде опасно или да предизвика влошување на состојбата.