Козметички и хируршки процедури исто така можат да предизвикаат лезии на кожата. 

Што е екхимоза?

Екхимозата се појавува кога малите крвни садови на кожата пукаат после удар. Крвта и црвените крвни зрнца се собираат во соседните ткива и формираат видливо обоено место (модрица) на површината на кожата. Оваа модрица е често болна на допир; колку е посилен ударот, толку е поболна. Бојата на екхимозата се менува со тек на времето, како што хемоглобинот од црвените крвни зрнца повторно се апсорбира во кожата. Екхимозата почнува како црвена, потоа станува црна, сина и на крајот, зелена. На крајот на процесот на заздравување на капиларите, таа е жолта/кафеава и останува со таа боја една до две недели. Но, може да потрае и подолго ако лезијата е голема. Различните бои одговараат на различните фази на разградба на хемоглобинот кој е акумулиран во кожата.

Што е едем?

Едемот, наречен и оток, се појавува кога кожата отекува на местото на ударот. Може да се појави брзо по ударот. Се активира со излив на крвна плазма во соседните ткива. Плазмата е течноста во крвните садови во која циркулираат крвните зрнца.

Што е хематом?

Хематомот е комбинација на екхимоза (модрица) и едем (оток). Првото нешто што треба да го сторите е да примените компресија и да ставите мраз на зафатената област или да ја забрзате елиминацијата со активни состојки пред да одите на лекар, ако е потребно. 

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ?

СЕКОЈДНЕВНО

Заштитете ја повредената област според насоките на лекарот. Може да Ви препише анти-инфламаторна терапија. Ако не сте отишле на лекар, секогаш можете да ставите мраз за едемот да се намали. Но, никогаш не го ставајте директно на кожата. Превентивно да се употребат специјални производи наменети за модрици, удари и отоци. Некои луѓе таквите  превентивни производи ги користат на подочниците бидејќи содржат деконгестанти и состојки против екхимоза. 

ЧИСТЕЊЕ

Оштетената област треба нежно да се измие и потоа да се дезинфицира, ако е потребно. 

НЕГА НА КОЖАТА

Препаратите наменети специјално за модрици, удари и отоци се користат за забрзано заздравување или намалување на едемот. Содржат ефективни активни состојки како арника, која има анти-инфламаторни својства и својства за намалување на отокот, како и смирувачки состојки за намалување на болката. Овие препарати можете да почнете да ги користите веднаш при појавата и да продолжите да ги користите сè додека не исчезнат лезиите.