Damaged skin - Scars

Кожата го изолира и го штити телото од надворешната околина. Кога таа е повредена, телото автоматски го активира природниот биолошки феномен: заздравување.


Се работи за комплексен процес на обновување во текот на кој телото треба да престане да крвави и да ја заштити, исчисти и затвори раната. Повреденото ткиво треба да се обнови и колку што е можно повеќе да се врати во првобитната состојба.

Step 1

Етапа 1: Подготовка (трае од два до четири дена)

Најпрво се формира згрутчена крв за да го спречи крварењето. Набргу потоа телото ќе се подготви да се избори со инфекцијата и да се одбрани од микробите и туѓите тела. Повредените ткива се уништуваат благодарение на специјалните клетки кои ги апсорбираат. Крвните капилари се попропустливи и го поттикнуваат движењето на крвната плазма и имуните клетки (како што се антителата) кон областа каде што настанала повредата. 

Step 2

Етапа 2: Опоравување (трае од 10 до 15 дена)

Малите крвни садови кои биле повредени постепено се обновуваат. Телото започнува да ги надополнува изгубените супстанции со ново ткиво преку синтетизирање на колагенски влакна со помош на фибробластите.  
На најгорниот слој на кожата се формира епителот. Истовремено, раната се намалува, дозволувајќи им на краевите на раната да се доближат еден кон друг сѐ додека таа целосно не се затвори. Се активираат бројни клетки и молекули. Оваа етапа е важна за да се спречи појавата на естетски оштетувања, имајќи предвид дека сите заздравуваме на различен начин. Колку е потемна бојата на нашата кожа и колку сме помлади, толку е поголем ризикот од видлива лузна. Одредени делови на телото како што се градите, градната коска, грбот и зглобовите заздравуваат потешко. 

Step 3

Етапа 3: Созревање (трае од два месеца до две години)

Во текот на оваа етапа влакната на колагенот и еластинот ќе се згуснат и ќе пораснат за да ја обноват структурата на кожата. Васкуларното лежиште исто така ќе се подготви за враќање во „нормална“ состојба. Како резултат на ова, отпорноста на кожата ќе се зголеми како и нејзината еластичност, што ќе ѝ овозможи да биде поцврста. Зацеленото место останува чувствително уште околу две години додека кожата не го врати својот првобитен баланс. 

Заздравувањето опфаќа неколку етапи за обновување на повреденото место. Се состои од 3 последователни фази кои се разликуваат според посебните клеточни активности во процесот на опоравување. Секоја од овие етапи е важна. 

Какви типови на лезии постојат?

Лезиите може да се класифицираат врз основа на нивните биолошки и клинички карактеристики: колку влажност  и колкав степен на оклузија им се потребни. Постојат три класи на лезии:

Влажни лезии: лезии склони кон влажнење кое треба да се исуши со неоклузивен производ што ќе му дозволи на воздухот да допре до раната

  • Пеленски осип,
  • Влага во делот каде се превиткува кожата,
  • Големи сипаници со лезии кои влажат, и
  • Пликови.

Суви лезии: површни до умерени лезии кај кои е потребно навлажнување со делумно оклузивен производ кој пропушта воздух

 

  • По хируршки третман (на пример шиење);
  • Исеченици, гребнатини и други секојдневни повреди откако ќе се исуши раната;
  • Големи сипаници во фазата на заздравување;
  • По козметички третман (како што се пилингот, ласерскиот третман, трајното отстранување на влакна, тетовирање и отстранување на тетоважи);
  • Сув пеленски осип; и
  • Третман со радијација.

Суви лезии: умерени до големи лезии кај кои е потребна нега која овозможува обновување на липидите со оклузивни производи што формираат заштитна бариера

  • Испукана кожа, лишаи, воспаление на пулпата, итн;
  • Изгореници;
  • Гребаници; и
  • Абразивни ласерски третмани.

Body areas

Најпрво, од клучна важност е да се земе предвид топографијата на лузната. Некои делови од телото не заздравуваат толку добро како останатите. 

На пример, постои ризик дека краевите на лузна лоцирана на грбот или на градите ќе се одвојат, предизвикувајќи зголемен ризик од хипертрофични лузни или келоиди.

На раните на колената или глуждовите им е потребно многу време за да зацелат. Важно е внимателно да се надгледуваат и негуваат,  со цел да се овозможи соодветно заздравување.
Важна улога игра и генетиката. За да го процените ризикот од несоодветно заздравување секогаш може да се насочите кон претходните лузни. Запомнете дека процесот на заздравување не е завршен со затворањето на лузната.

Заздравување е процес кој трае со месеци и кој се разликува од човек до човек.

Hour

Откако лузната ќе се затвори, треба да се преземаат мерки на претпазливост во текот на неколку месеци. Во зависност од местото на кое се наоѓа лузната, треба да внимавате да не ја изложувате на преголем притисок (на пример, да не носите тешки предмети доколку лузната се наоѓа на грбот) бидејќи ова го зголемува ризикот од раздвојување на краевите на раната, што може да предизвика нејзино отварање.

Sun

Потребно да се избере најдобриот производ за фотозаштита со висок заштитен фактор кој редовно ќе се нанесува со цел да се постигне долготрајна заштита од УВ зраците. Појавата на хиперпигментација на лузните е зголемена кај оштетената кожа која е изложена на УВ зрачење. Заштитата н ее важна само во текот на летото; УВ зраците продираат преку целата година, дури и преку облаците, прозорците, ветробранските стакла итн. Ризикот од хиперпигментација на лузната вообичаено трае околу шест месеци, но може да се продолжи и до две години. Само лекар  може да процени дали овој ризик исчезнал.

Некои луѓе се склони кон потешко заздравување.

Хипертрофичната лузна е активна лузна која шест недели до три месеца по постапката отекува и станува црвена. Бавно може да напредува до кeлоид.

Постојат и случаи на несоодветно заздравување кога целуларните и васклуларните текови продолжуваат да се развиваат до парчето засирена крв.

Во сите случаи треба да ја прегледате лузната три месеци по процедурата и да се консултирате со лекар доколку се појави оток или црвенило.

Weakened skin

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ?

СЕКОЈДНЕВНО

Заштитете ја оштетената област во согласност со препораките на вашиот лекар. Доколку се работи за помала лезија за која не била потребна посета на лекар, треба да започнете со дезинфекција на раната а потоа да изберете производ кој е соодветен за тој вид на лезија. Доколку имате некои прашања разговарајте со вашиот фармацевт. Доколку ја изложувате оштетената област на дневна светлина треба да ја заштитите од УВ зраците користејќи производ за фотозаштита сѐ додека кожата не е потполно обновена со цел да се избегне хиперпигментација која може да предизвика трајни лузни.

ЧИСТЕЊЕ

Пред да се нанесе производ за нега важно е раната да се исчисти и дезинфицира. 

НЕГА НА КОЖА

На трите основни типови на лезии опишани погоре им се потребни различни третмани кои може да овозможат обновување на кожата обезбедувајќи ги притоа посебните потреби: сушење, влажнење, потхранување, итн. Одберете третман за обновување на кожата со активни состојки кои го намалуваат чувството на непријатност и чешањето кои често се јавуваат во фазата на обновување на кожата. Тој треба да има и антибактериски состојки за да се спречи размножување на бактериите.

Сите овие производи се дизајнирани за употреба во случај на помали лезии или за оптимизирање на процесот на обновување откако сте завршиле со третманот препишан од вашиот лекар.