Хормонските промени за време на бременост или при земање орални контрацептиви исто така можат да предизвикаат хиперпигментација.
Кај жените со кафеава коса (со мат кожа), хормонските промени можат да доведат до појава на кафеава маска на лицето, наречена „мелазма“ или „трудничка маска“. Симетрични дамки со неправилни но дефинирани контури се појавуват на лицето и вратот изложени на сонце. Стануваат поизразени во лето. Бојата им варира и станува потемна под влијание на ултравиолетовото зрачење.
Оваа вообичаена пигментација се јавува одеднаш, но се намалува или сосема исчезнува кога хормоните ќе се вратат во нормала (на пример, по раѓањето на детето). Меѓутоа, резидуалната пигментација може да остане уште неколку месеци до неколку години.
Во одредени случаи, „трудничка маска“ се јавува дури и кога нема бременост или кога не се земаат орални контрацептиви.